Чек дис аут

Не одам по бикини, по бензин одам!

15. ноември 2019 - 19:15 | А.С.

Русија е голема земја на многу различности. Таму може да наидете на сѐ и сешто, од најгенијално, до најбизарно.

Слободно може да се каже дека Русите не се плашат да ги преминат границите, одново да го изненадат светот и да ја оправдаат изреката „само во Русија“.

Во тој контекст, маркетинг потегот на една бензинска станица во Русија дефинитивно високо котира на листата на работи кои не верувавте дека ќе ги видите.

Менаџментот на бензинската станица Olvi во Самара, Русија верува дека нема лош публицитет и реши да понуди бесплатен бензин на секој муштерија што ќе дојде по бикини. Да, секој.

Можеби првичната идеја (и надеж) била дека на оваа понуда ќе одговорат многу Русинки, но мажите во ладната и фамозно конзервативна Русија покажаа дека бесплатен бензин си е бесплатен бензин.

Понудата траеше само три часа, но во тоа време многу мажи во бикини дефилираа меѓу пумпите за гориво.

Некои од нив дури и се качија на високи потпетици за да го заокружат целиот „одам по бензин“ стајлинг.

Коментирај