Не помага ниту Меси, Бразил ја декласира Аргентина

Бразил ја декласира Аргентина со 3-0, во големото јужноамериканско дерби, кое се одигра во рамките на 11-то квалификациско коло за пласман на Мундијалот во Русија. Победи во ова коло забележаа селекциите на Уругвај, Парагвај и Венецуела, додека Колумбија и Чиле одиграа без голови.

Нејмар одигра уште еден брилијантен меч и е најзаслужен за триумфот против најголемиот ривал. Аргентина нема гостинска победа над Бразил цели 46 години, последен пат „гаучосите“ победиле на теренот на овој противник на 4 март 1970 година.

Поразот на Бразил го најави Кутињо во 24 минута, кога со фантастичен гол од 17 метри го отвори резултатот. Во финишот на полувремето Нејмар погоди за 2-0, а конечниот удар на Аргентина и го зададе Паулињо во 59 минута.

Последен пат Бразил со 3-0 славел против Аргентина во 2007 година на Копа Америка.

Голот што го постигна Нејмар беше неговиот 50-ти за Бразил. Играчот на Барселона за националниот тим дебитирал во 2010 година и има одиграно 74 натпревар.

Нејмар на вечната листа се наоѓа на четвртото место, повеќе голови од него имаат постигнато Ромарио (55), Роналдо (62) и рекордерот Пеле (77).

На другите натпревари Уругвај славеше над Еквадор со 2-1, со головите на Коатес и Ролан, Перу неочекувано лесно се справи со Парагвај и победи 4-1, а Венецуела ја декласира Боливија со 5-0. Натпреварот Колумбија-Чиле заврши 0-0.

Бразил е прв во групата со 24 бодови, пред Уругвај кој има 23, трета е Колумбија со 18, а зад неа со бод помалку се Чиле и Еквадор. Аргентина е шеста со 16 бодови и има еден односно два бода повеќе од Парагвај и Перу, а на дното се Венецуела со пет и Боливија со четири бода. 

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=LLdaWIBieyA]

 

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Фудбал

Се посрамоти за цел живот: Хрват го изведе најлошиот пенал и тоа во Ла Лига

Read more

Џеко на 38 години истрча од гол на гол за девет секунди

Read more

Како беше на скопското дерби Работнички - Вардар?

Read more

Проклетството на Кејн ја уништи трофејната низа на рекордерот Коман

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Се посрамоти за цел живот: Хрват го изведе најлошиот пенал и тоа во Ла Лига

Читај повеќе

Американците со најдобрите ќе настапат на Олимпијадата во Париз

Читај повеќе
  • play_arrow

Џеко на 38 години истрча од гол на гол за девет секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Како беше на скопското дерби Работнички - Вардар?

Читај повеќе

Проклетството на Кејн ја уништи трофејната низа на рекордерот Коман

Читај повеќе
  • play_arrow

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Читај повеќе

Откриено зошто колабираше Ндика, немал срцев удар

Читај повеќе

Сега почнува спектаклот: Познати се сите плеј-ин парови и учесници во плеј-офот

Читај повеќе

Спектакл во Тексас, Вињалес влезе во историјата на кралската класа

Читај повеќе