Фит

Не прекинувајте со вежбање: Трансформирајте го телото за една година

18. септември 2019 - 13:57 | М.С.

За фитнес фанатиците тренингот е рутина. Кога ќе престанете со вежбање, се менува вашето тело, но и менталната состојба. Патот до успехот е тежок. Не откажувајте се и вежбајте редовно за да ги постигнете саканите резултати.

Хадсон Вајт не можел да вежба затоа што ја повредил ногата. Забележал дека му слабее кардиваскуларниот состав, но и силата. Затоа препорачува да не прекинувате со вежбање подолг период, освен ако немате некаква повреда како во неговиот случај. 

Неговиот канал на YouTube го следат повеќе од два милиони претплатници.

 

 

Кога ќе почнете со вежбање, ве интересира колку време треба да помине за да ги видите првите резултати и колку напорно треба да вежбате за да стигнете до целта. Вистинските одговори можеби ги има YouTube ѕвездата Џо Велер кој за година дена направил неверојатна трансформација на телото.

 

 

Велер вели дека кога конечно се посвети на неговиот изглед, успеа да направи мускули и да биде фит во рок од година дена.

Според него, најважно е да се храните здраво, да практикувате кардио тренинг и да имате строг режим во теретана.

Не треба да дозволите мрзливоста да ве надвладее. Уживајте во животот но, држете се под контрола.

Коментирај