Не се парите: Кои се најголемите проблеми во модерните врски?

Луѓето сè потешко успеваат да одржат здрава и нормална врска. Ако мислите дека тоа е така поради неверство или пари, се лажете.

Иако многубројни истражувања тврдат дека токму парите и прељубата се главните причини зошто многу врски завршуваат со неуспех, статистиката кажува друго. Според неодамнешно истражување на Match.com, навиките и правилата за состаноци се сменети во оваа високо дигитална ера и однесувањето во врските драстично се разликува во зависност од возраста. Помладите најчесто наоѓаат партнери преку социјалните мрежи, додека постарите генерации се повнимателни. Без разлика на возраста, сè е променето во 21 век, за разлика од пред неколку децении.

Кои се најголемите проблеми во модерните врски?

1. Лоша комуникација

Кога меѓусебно не се слушате, туку само се напаѓате, тогаш проблемите не ги решавате до крај. Мислете дека другиот може да ги прочита вашите мисли и дека од караницата некој мора да излезе како победник. Кога ќе сфатите дека вашата врска е тимска работа, а не ривалство, ќе ви се променат погледите за врската.

2. Не се забавувате заедно

Ако сè поретко минувате време заедно или времето го минувате непродуктивно, секој пред својот компјутер, односно телефон, нормално дека нема да се забавувате. Потсетете се на заедничките работи кои претходно ве споиле и не дозволувајте врската да се претвори во рутина.

3. Нереални очекувања

Сите мора да прифатиме дека никој не е совршен. Партнерот може да се промени, но не значи дека ќе се промени на подобро. Треба да научиме да го прифатиме со сите мани и доблести, но треба да бидеме свесни дека и самите имаме недостатоци на кои треба да обрнеме внимание.

4. Недостаток на време

Секогаш треба да имаме време за партнерот, и покрај сите обврски. Заедничка вечера, вежбање заедно, прошетка, пијалак со пријатели и слично. Доколку сакате да опстанете заедно мора да имате ваши мали ритуали.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Љубов и секс

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Read more

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Read more

Која е просечната неделна доза секс?

Read more

Како сексот може да ви помогне да напредувате на работното место?

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе