Венсан Компани нема повеќе да биде и тренер на Андерелехт откако клубот го забележа најлошиот старт на една сезона во последните 21 година.
Одличниот централен бек летово го напушти Манчестер Сити после долги 11 сезони за да му помогне на својот матичен клуб Андерлехт. Ја доби улогата на играч-тренер што сепак се покажа како катастрофален експеримент.
Компани ги одигра сите четири натпревари од новата сезона на белгиската лига, но очигледно управувањето со тимот и истовремено играње на терен тешко одат едно со друго. Андерлехт забележа два пораза и две нерешени, а последниот пораз од Кортрајк од 4:2 ја прелеа чашата на клупската управа. Не помогна ниту ангажманот на познати имиња како Самир Насри, Насер Шадли и Исак Киесе Телин.
Белгиската легенда ќе остане да игра за клубот, а дури и понатаму ќе помага во тренирањето на тимот, но нема да биде главен тренер ниту пак задолжен за тактичкиот дел кој очигледно му е слабост. Таа улога му е доделена на Велшанецот Сајмон Дејвис.