Неделен хороскоп од 29 мај до 4 јуни: Што ви предвидуваат ѕвездите?

На Овните им претстои тешка недела, Лавот добива одлична понуда, Водолиите вртат нов лист, а вие?

Прочитајте го неделниот хороскоп од 29 мај до 4 јуни 2023 година и дознајте што ви кажуваат ѕвездите кога се во прашање љубовта, работата и здравјето.

ОВЕН

Неделниот хороскоп вели дека Овенот нема да има најдобра недела. Општото незадоволство од себе, сомнежите во своите вештини и знаења ќе го одбележат овој период. Ни и во љубовта не ви цветаат ружи. Партнерот започнува дискусија за важна тема, ќе бидете „растргнати“ во текот на целата недела. Слободните го отфрлаат секој што ќе се обиде да им се додворува. Ниту финансиската ситуација нема да биде добра. Имате ризик да потрошите многу повеќе отколку што заработувате. Вашите најдобри денови ќе бидат среда и сабота.

БИК

Семејните проблеми се нагласени за Биковите оваа недела. Тешко се согласувате со членовите на семејството, децата и родителите. Совет на ѕвездите е да се повлечете и да избегнувате конфронтации. Ако сте планирале некои големи работи низ куќата, ова не е добра недела. Љубовната ситуација се подобрува. Ќе донесете важна одлука, по која сè ќе биде подобро. Слободните Бикови ги очекува возбудлива недела, многу нови познанства и додворување. Вашите најдобри денови ќе бидат четврток и сабота.

БЛИЗНАЦИ

Близнаците ќе имаат предизвикувачка недела на работа. Почнувате некои нови проекти, многу е важно добро да се подготвите и да ги имате сите информации. Финансиската состојба е повеќе од добра, имате доволно пари дури и да оставите „нешто на страна“. Партнерот планира заедничко патување, обидете се да најдете слободно време, тој сепак се жали дека не му обрнувате доволно внимание. Слободните Близнаци се занесени по личност која неодамна ја запознале. Вашите најдобри денови ќе бидат вторник и петок.

РАК

Неделниот хороскоп вели дека е вистинско време Раковите да истапат и да се залагаат за своите идеи кај претпоставените. Некој се обидува да ве саботира, а ако сте добро подготвени, ќе бидете недопирливи. Зафатените Ракови уживаат во семејната идила. Слободните ги очекува помало разочарување. Премногу се надевате на романса на работа. Добро би било да започнете со вежбање оваа недела. Ви недостига енергија. Вашите најдобри денови ќе бидат среда и недела.

ЛАВ

Совршена деловна недела за оние кои имаат сопствен бизнис. Од сите страни ќе дојдат одлични понуди, добро размислете која да ја прифатите. Погледнете малку подалеку во иднината. Зафатените Лавови се соочуваат со тешка одлука. Свесни сте дека проблемот помеѓу вас и вашиот партнер е несовладлив, но тешко можете да си заминете. Слободните уживаат во флертувањето. Стабилна врска не е она што им треба во овој момент. Вашите најдобри денови ќе бидат понеделник и петок.

ДЕВИЦА

За вас започнува нова животна фаза. Лесно ги прескокнувате препреките, можно е на работа да добиете бонус кој паметно ќе го искористите. Станувате лидер во вашиот тим, сè се менува на подобро. Партнерот ви приредува изненадување, ќе бидете исклучително среќни со овој подарок! Слободните Девици имаат можност да стапат во врска со личност која би можела да биде многу важен дел од нивниот живот. Само не бидете нетрпеливи. Нека работите тргнат по својот тек. Вашите најдобри денови ќе бидат понеделник и четврток.

ВАГА

Вагите не треба да се трудат да бидат во центарот на вниманието. Втората половина од неделата ќе биде предизвикувачка, доколку не сте подготвени да одговорите на барањата на претпоставените, би можеле да ја загубите позицијата. Зафатените Ваги нема да можат да избегнат непријатен разговор со партнерот. Неговата љубомора е оправдана. Слободните добиваат важни информации за поранешната љубов и тоа ќе ги вознемири. Оваа недела не се препуштајте на големи купувања. Најдобри денови ќе бидат четврток и недела.

СКОРПИЈА

Ве очекува одлична недела, секој потфат на кој ќе се впуштите ќе донесе успех. Вашиот труд и вложување ќе бидат забележани, можете да се надевате и на бонус или зголемување на платата. Зафатените Скорпии ќе бидат категорично посесивни. Не би било добро вашите несигурности да ги преставувате како маани на партнерот. Слободните ги очекува страсна средба на крајот на неделата. Се работи за личност која веќе ја познавате, едноставно не сте ја погледнале „со такви очи“. Ќе бидете пријатно изненадени. Најдобри денови ќе бидат петок и сабота.

СТРЕЛЕЦ

Неделниот хороскоп го советува Стрелецот да се подготви за интриги на работа. Луѓето за кои верувавте дека се ваши сојузници ќе ви го свртат грбот во незгоден момент. Не грижете се, сами ќе завршите сè успешно. Зафатените долго време одложуваат важна одлука, а партнерот чека вие да донесете одлука. Оваа недела можеби ќе дознаете некои информации кои ќе ви помогнат да пресечете. Слободните Стрелци копнеат по својата поранешна љубов. Не е доцна да се смирите. Најдобри денови ќе бидат понеделник и четврток.

ЈАРЕЦ

Јарците имаат добра недела. Финансиските проблеми од кои ве боли глава ќе се решат многу полесно отколку што очекувавте. Можно е и да добиете деловна понуда со која ќе ви се исплати да излезете од конфор зоната. Не донесувајте одлуки додека детално не се распрашате за условите. Ако страдате од несоница, очекувајте таа да се влоши оваа недела. Зафатените ги очекува убава недела со партнерот, деновите ви се исполнети со љубов и внимание. Слободните Јарци не се заинтересирани за нови познанства. Треба да се движите повеќе. Најдобри денови ќе бидат вторник и недела.

ВОДОЛИЈА

На работа без поголеми промени, можно е да заминете на кратко патување со цел да приведете некој проект до крај. На член на семејството му е потребна финансиска помош. Зафатените Водолии наидуваат на препреки, плановите кои ги имаа со партнерот ќе мора да се одложат за подобри денови. Слободните во центарот на вниманието, освојуваат секаде каде што ќе се појават. Крајно време е да започнете со вежбање. Енергијата ви е ниска, намалете го внесот на масна храна. Вашите најдобри денови ќе бидат четврток и петок.

РИБИ

Неделниот хороскоп вели дека Рибите ќе работат повеќе отколку што се навикнати. Можни се нови обврски на работа, веројатно промена на лидерските позиции и се прашувате како тоа ќе влијае на вас. Внимавајте кому му верувате на работа, не се сите добронамерни. Оние кои се во подолги врски би можеле да започнат заеднички живот или да одлучат да се венчаат. Ѕвездите не се на страната на сингл Рибите оваа недела. Љубовна ситуација без промени. Вашите најдобри денови ќе бидат понеделник и петок.

Тагови
реклама

Кога почнува староста?

Read more

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Петте најздрави овошја со малку шеќер

Read more

Живот

Кога почнува староста?

Read more

Неделен хороскоп до 26 мај според рускиот астролог Павел Глоба

Read more

Зошто се менува бојата на очите на бебињата и кога се случува тоа?

Read more

Доматите имаат еден многу опасен несакан ефект: Некои луѓе не треба да ги јадат

Read more
 

Магазин

  • filter

Римјаните 16 века пред Французите го измислиле бикинито

Читај повеќе

Кога почнува староста?

Читај повеќе

Кога е најдобро да појадувате за здраво срце?

Читај повеќе

Што да очекувате кога ќе прекинете да ги земате апчињата за контрацепција?

Читај повеќе

Во пржените јајца додадете спанаќ - имунитетска бомба

Читај повеќе
  • play_arrow

Најопасниот предмет во светот: Само 5 минути до него може да бидат фатални

Читај повеќе

Неделен хороскоп до 26 мај според рускиот астролог Павел Глоба

Читај повеќе

Дали сексот е подобар наутро или навечер?

Читај повеќе

Најдобрите замени за месо: Здрави протеини од растително потекло

Читај повеќе