Недостатокот на сон може да го уништи сексуалниот живот

Недостатокот на сон може да доведе до сексуални проблеми особено кај жените, покажува студијата.

Повеќе од половина од жените со несоница страдале од сексуални проблеми како што се лошо задоволство и борба до оргазам, во споредба со помалку од една третина кои ја немале оваа состојба.

Околу 23% од мажите со проблеми со спиењето ги имале истите проблеми, во споредба со 12,5% од оние без несоница.

Д-р Вилфред Пиџон, од Универзитетот во Рочестер, вели дека студијата покажала врска помеѓу несоницата, сексуалната функција и задоволството.

„Жените имале околу двојно поголема стапка на сексуална дисфункција и несоница од мажите“, вели тој.

Симптомите вклучуваат лежење буден ноќе, будење неколку пати во текот на ноќта и рано будење, но и неможност повторно да се заспие.

Се препорачува возрасните да спијат помеѓу 7 и 9 часа ноќе. Несоницата може да биде предизвикана од различни нешта, вклучувајќи стрес, анксиозност, бучава, нудобен кревет, премногу алкохол и кофеин, а особено работа во смени каде што работникот за неколку дена менува прва, втора и трета смена.

Претходните истражувања покажаа дека проблемите со спиењето се значително поврзани со нивото на сексуална желба, возбуда и задоволство кај луѓето, како и нивната способност да доживеат оргазам.

Една нова студија, објавена во Elvier's Journal of Psychosomatic Research, ја разгледа несоницата поконкретно за да види како таа состојба влијае на сексуалниот живот на луѓето.

Истражувачите анкетирале 1.266 возрасни со просечна возраст од 45 години, поставувајќи им прашања за сексуалната желба, возбудувањето, лубрикацијата, оргазмот, задоволството и болката.

Тие исто така биле прашани за тоа како спијат, вклучително и како лошиот сон влијае на нивното расположение, енергија и врски.

„Присуството на клиничка несоница е силно поврзано со послаба сексуална функција и кај мажите и кај жените“, се заклучува.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе