Нејмар дава гол од покрив на зграда
Фудбалерот на Барселона Нејмар гостуваше во Шоуто на Џими Кимел и даде неверојатен гол од еден на друг покрив на зграда.
Водителот го постави на едниот покрив Нејмар со топка, а од другата страна на булеварот го чекаше неговиот помошник во шоуто облечен како голман, застанат пред гол.
По два неуспешни обиди, Нејмар „ја закова“ топката во голот.