Валенсија и Барселона одиграа луд натпревар на Местаља, а на крајот Меси ја донесе победата со пеналот во судиското продолжение.
Валенсија водеше со 2-1, но ја испушти победата, и Барса со пресврт стигна до 2-3. Меси и соиграчите го прославија голот пред трибината на домашните навивачи, па тие почнаа да фрлаат кон нив со предмети.
Валенсија ќе добие казна за однесувањето на навивачите, а радоста на Барса ја расипа повредата на Иниеста.
[jw: https://www.youtube.com/watch?v=aLjSYhcPo0M]