Некои функции на Windows 11 никогаш нема да станат достапни

Од Microsoft посочуваат дека во рамките на новиот софтвер се тестираат голем број функции, но нема да бидат испорачани сите како финална карактеристика.

Најновaта Windows 11 „ preview“ верзија е полна со новитети, што е дефинитивно добра работа за програмерите и инсајдерите што ги тестираат. Исто така, тоа е важно за корисниците бидејќи гледаат дека Windows 11 се развива многу побрзо.

Сепак, компанијата од Редмонд ги потсетува корисниците дека функциите што ги тестираат со помош на каналот Dev, не само што пристигнуваат со ознаката ETA (очекуван период на објавување), туку и дека постои јасна можност тие никогаш да не станат достапни.

Причината е што каналот Dev во рамките на програмата Windows Insider служи само за да му помогне на Microsoft да експериментира со различни идеи. Значи, нема гаранција дека функцијата, која е дел од овие верзии, некогаш ќе стане официјална.

„Овие не се секогаш стабилни верзии и понекогаш ќе видите проблеми кои ги блокираат клучните активности или бараат премостување. Важно е да ги прочитате проблемите наведени во нашите објави на блогот, бидејќи ние документираме многу од овие проблеми за време на тестирањето“, велат од Microsoft.

Тагови
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Софтвер

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Read more

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Read more

Новата верзија на ChatGPT може да флертува и да ги учи корисниците математика

Read more

Како се креира содржина во поновите верзии на Microsoft Word?

Read more
 

Гик

Сондата Juno сними фасцинантни фотографии од Европа, месечината на Јупитер

Читај повеќе

Winamp се враќа во полн сјај

Читај повеќе
  • filter

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Читај повеќе

Дали Facebook може да ве извести кога некој ќе направи скриншот од ваша содржина?

Читај повеќе

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Читај повеќе

Интервју со Иван Брзовски: Magenta TV – редефинирање на телевизијата во дигиталната ера

Читај повеќе

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе