Водата е важна за здравјето и нормалното функционирање на организмот.
Еве неколку ситуации кога на телото му е најпотребна вода.
Откако ќе се разбудите
Чаша ладна вода откако ќе се разбудите му дава сигнал на телото дека е време да се раздвижи.
Пред оброк
Чаша вода пред оброкот ќе ви помогне да останете подолго сити, што значи дека и помалку ќе јадете. Исто така, организмот ќе е хидриран и е подготвен за храна.
Кога сте гладни
Ако огладнете пред оброк, најпрво испијте голема чаша вода за да бидете сигурни дека организмот не е дехидриран, затоа што често луѓето гладот го мешаат со жедта.
Пред тренинг
За да спречите дехидратација, пијте вода пред тренинг. Исто така, важно е да пиете вода за нормална циркулација и правилно функционирање на организмот.
После тренинг
Пијте вода и после тренинг, за да ја надокнадите течноста која сте ја изгубиле преку потење. Но, не пијте премногу за да не ви се створи чувство на нелагодност во стомакот.
Кога сте уморни
Доколку сте уморни и би сакале да дремнете попладне, испијте чаша вода.
Уморот е една од начестите знакови на дехидратација. Бидејќи водата брзо се движи низ телото, ќе дојде до мозокот и ќе ви ја крене енергијата.