Живот

Нема да најдете најдобар пријател меѓу припадниците на овие хороскопски знаци

25. април 2019 - 20:38 | Кајгана

Најдобрите и најблиските пријатели се луѓе кои сме ги прифатиле со сите нивни маани и доблести и ги сакаме и им простуваме речиси сѐ.

Ако гледаме што претскажуваат ѕвездите, на припадниците на некои хороскопски знаци едноставно не им е предодредено да ја играат улогата на најдобар пријател во нечиј живот.

Причината за тоа најчесто е нивната егоистичност, перфекционизам и насоченост кон себе и своите потреби, наспроти нивниот интелект и нескојдневна појава и природа што се магнетски привлечни.

Водолија

Нивната рамнодушност за кратко време ќе ви покаже каде ви е местото во нивниот живот. Водолиите не се многу загрижени за туѓите животи и не сметаат дека игнорирањето е лошо. Може да не ви се јават со недели и нема да чувствуваат грижа на совест. Од друга страна, не се драма кралици кои ќе ве побараат кога имаат некаков проблем – тие сами си ги решаваат дилемите.

Близнаци

На Близнаците не треба никогаш потполно да им верувате. Нивната превртлива природа не е со зла намера, но лесно ќе ве заменат со нови, поинтересни пријатели кога ќе им се укаже шанса за тоа. Ако ги критикувате или им укажете на некаков пропуст, перфекционистот во нив ќе ве тргне од листата на пријатели во истата секунда.

Стрелец

Ако некој гледа само како да извлече некаква корист, тоа се Стрелците. Тие лесно ги привлекуваат луѓето кон себе бидејќи се забавни, шармантни, авантуристи. А токму тоа и сакаат – забава и авантура, па нема да имаат многу слух за вашите проблеми. За среќа, најчесто и сами си го кажуваат тоа, но за разлика од Водолиите, сакаат да има на кого да се пожалаат кога не им е добро.

Девица

Девиците се познати по нивните нагли потези и перфекционизмот. Затоа нека не ве изненади ако еден ден добиете порака дека по долга анализа решиле дека немаат време и место во нивниот живот за вас. Барем се пристојни, ќе ве известат за тоа, за разлика од Близнаците кои веќе се на пијачка со нивните нови инстант пријатели.

Коментирај