Нема договор на релација Евролига-ФИБА

Евролигата (ЕЦА) и ФИБА не успеаја да постигнат договор во врска со клупските натпреварувања во Европа, што значи дека останува суспензијата која ФИБА им ја изрече на 14 репрезентации.

Двете организации не се согласуваат со надлежностите околу контролата врз континенталните натпреварувања. ФИБА не им дозволува на клубовите да учествуваат во Еврокупот, поради што им изрече суспензии на националните тимови.

Претставниците на двете организации, во присуство на претставници на Фенербахче, Реал Мадрид, Макаби и Олимпијакос, на состанокот во Минхен разговарале четири часа, но не постигнале никаков договор.

Предлогот на ЕЦА бил клубовите без страв да можат да бираат во кое натпреварување ќе играат (секако доколку изборат учество), а ФИБА да се интегрира во рамките низ управувачките структури, односно ФИБА да има целосна контрола врз носењето на правилата на играта, контрола врз трансферите, односно допинг контролите.

Двете страни не успеале да се договорат околу бројот на клубови кои ќе учествуваат во ЕЦА натпреварувањата (Евролига и Еврокуп), бидејќи водечката клупска организација сака 40 тимови, на што ФИБА не се согласува.

Поради ова ФИБА одбила да ги тргне санкциите, од кои во блиска иднина најмногу можат да бидат погодени Шпанија (се соочува со забрана за настап на Олимписките игри) и Србија (одземање на организацијата на квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри). 

По неуспешните преговори од Евролигата истакнале дека ќе продолжат со напорите низ дијалог да се обезбеди напредокот на кошарката и да биде постигнат консензус, односно да им се дозволи на клубовите без страв од санкција и казни, да бираат каде ќе настапуваат. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Кошарка

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Read more

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Read more

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Read more

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и 2 меча суспензија

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе