Нема избори без листи за кандидати за пратеници

Вечерва на полноќ истекува рокот за поднесување листи на кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија, според Роковникот за извршување на изборни дејствија за предвремените парламентарни избори на 5 јуни.

До вчера вечер, како што информираа од Државната изборна комисија (ДИК), не пристигнала ниту една листа за кандидати за пратеници.

Ако не пристигне ниту една кандидатска листа, Комисијата има само една можност – да ја констатира таквата состојба. До сега, само од Народното движење за Македонија најавија дека во среда во 13 часот ќе достават листи на кандидати за пратеници.

Ваквата состојба не е предвидена во Изборниот законик, а од ДИК велат дека доколку се реализира сценариото ниедна партија да не достави листи на кандидати за пратеници, ќе се констатира состојбата, со забелешка дека не може да се одржат избори без кандидати за пратеници, по што сè е во рацете на Собранието.

Откако ќе ги добие листите, ДИК има 48 часа за да утврди дали листата на кандидати е поднесена во утврдениот рок и дали е составена во согласност со одредбите на Изборниот законик. Евентуалните недостатоци, подносителите на листите ќе треба да ги отстранат исто така во рок од 48 часа.  

ДИК вчера одржа седница на која го разгледа Извештајот од регистарот на државјани доставен од Министерството за внатрешни работи, кој покажува дека е зголемен бројот на лица со право на глас односно полнолетните жители на Македонија на 1.958.844. Малолетни се 505.422 или вкупно МВР има регистрирано 2.464.266 државјани на Република Македонија.

Од дијаспората до ДИК се пристигнати 6.686 пријави за гласање на македонски државјани кои престојуваат во странство. Сепак, можно е некој повеќе пати да се пријавил. За проверка е постапено по 3.190 пријави, но, има рок од уште три дена за обработка.

Од четирите најголеми партии, во законскиот рок, само ВМРО-ДПМНЕ достави предлог листа за членови на избирачките одбори. Според законот, Државната изборна комисија испразнетите места ги пополнува со лица вработени во државната администрација.

На полноќ заврши јавниот увид во избирачкиот список. Според роковникот, Државната изборна комисија, во рок од 5 дена, односно најдоцна до 14 мај, списокот го доставува до политичките партии, кои пак за пет дена од приемот до Комисијата можат да достават барање за запишување, дополнување или бришење на податоци.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе