Неотпакуван iPhone од прва генерација се продаде 100 пати поскапо од оригиналната цена

Примерок од првата генерација смартфони на Apple iPhone беше продадена на аукција за 63.000 долари, што е околу 100 пати повеќе од првичната цена.

Мобилниот телефон беше продаден на аукција од страна на LCG Auctions, во кутија која никогаш не била отворена. Кога се појави на пазарот, првиот iPhone чинеше 599 долари, имаше екран од 3,5 инчи и камера од 2 MP, како и 4 и 8 GB внатрешна меморија. Можеше да се поврзе на интернет, а iTunes беше достапен за корисниците, но немаше продавница за апликации. Уредот користеше 2G мрежа и беше ексклузивен за AT&T.

Понудите почнаа да доаѓаат на почетокот на овој месец, првата беше 2.500 долари, а по уште 27 понуди достигна 65.000 долари. Идентитетот на купувачот не е објавен, но се знае дека живее во САД.

Што се однесува до историјата на мобилниот телефон, тој и припаѓал на козметичарката Карен Грин која го добила на подарок, но никогаш не го отворила. Кога се појави приказната за уредот во 2019 година, тој беше проценет на 5.000 долари.

Ајфонот на Apple го промени животот на милијарди луѓе ширум светот кога станува збор за комуникација, плаќање, водење бизнис, фотографирање и утринско будење, „уби“ бројни индустрии како што се производството на MP3 плеери, телефони на преклоп и камери, додека им даде живот на многу други.

Првиот iPhone беше претставен од тогашниот шеф на Apple, Стив Џобс, на годишниот саем Macworld во 2007 година.

Тагови
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Мобилни

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Read more

Tи се игра „змија?“

Read more

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Read more

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Read more
 

Гик

Winamp се враќа во полн сјај

Читај повеќе
  • filter

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Читај повеќе

Дали Facebook може да ве извести кога некој ќе направи скриншот од ваша содржина?

Читај повеќе

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Читај повеќе

Интервју со Иван Брзовски: Magenta TV – редефинирање на телевизијата во дигиталната ера

Читај повеќе

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе