Неповторлива глетка: Land Rover Defender во дивината на Африка

Светски познатиот фотограф Давид Јероу (DAVID YARROW) направи уникатни фотографии од дивината благодарение на новиот LAND ROVER DEFENDER

Светски познатиот уметнички фотограф Давид Јероу соработуваше со LAND ROVER во поддршка на Tusk, која имаше за цел зголемување на свеста за опаѓање на бројот на лавовите во Африка, преку фотографирање на серијал на спектакуларни слики од дивината.

Туск ја определи 2019 како „Година на лавот” со цел проблемот на опаѓањето на популацијата на лавовите да биде приоритетен во агендата за презервација. Во поддршка на иницијативата, LAND ROVER испрати прототип на новиот Defender 4x4 во резерватот Борана во Лаикипија, Северна Кенија, како помош за следење и мониторирање на лавовите. Овој LAND ROVER допрво ќе је има својата светска премиера оваа година.

Новиот 4x4 ја дополнува DEFENDER фамилијата со супериорен опсег на можности како и ново ниво на комфорт и начини на возење за време на тестот во вистинскиот свет извршувајќи серија на активности во резерватот Борана. Поврзаноста на LAND ROVER со Источна Африка датира од 1948 година кога некој од првите модели од пред производната серијата 48 беа тестирани во регионот.

Јероу, возејќи се во новиот, специјално камуфлиран Defender за таа намена, фотографираше серија на фотографии од крдари лавови. Во моментов има помалку од 20.000 лавови во дивината, во споредба со 25.000 носорози (од кои 20.000 бели носорози и 5.000 црни носорози), со тенденција на понатамошно опаѓање на нивниот број.

Тој изјави: “Услов за успешна фотографија од дивината е поставеноста – можноста да се позиционираш на најдобрата можна позиција – затоа ви треба возило кое може да пристапи на инаку недостапните места. LAND ROVER DEFENDER е синоним за авантура и презервација од времето на својата премиера во 1948 година, затоа е сосема разбирливо првата официјална задача на новиот Defender да биде алармирање на јавноста за опаѓањето на бројот на лавовите во дивината во Африка.“

Уникатната програма во Кенија им овозможи на раководителите на проекти од Tusk да го испробаат новиот Defender во резерватот, кој се простира на површина од 14.000 хектари, во секојдневните задачи во резерватот вклучувајќи и успивање на лав со воздушна пушка за да се смени посточката огрлица за следење. Лавот беше успиен од блиску, додека се стрелаше од безбедна локација, од новиот прототип на Defender.

Чарлс Мејев МБЕ, извршен директор на Туск изјави: “Оваа година Tusk ја одбележува Годината на лавот. Нашата цел е да се зголеми на свеста за алармантното опаѓање на бројот на лавовите во Африка. За среќа, во рамките на Борана резерватот, има голем број на крда на лавови и нивното следење и мониторирање на нивното движење низ непрегледното пространство и тешко пристапни терени е од големо значење за нивната заштита и спречување на несакани конфликти со локалните заедници. Новиот Defender помина тешки терени на својот пат, преминувајќи длабоки реки и качувајќи се по карпести предели.“

Резерватот Борана, поддржан од Tusk, има многу активности од различни области кои вклучуваат поддршка на заедниците, едукации за природата, заштита на живеалишта, презервирање на загрозени видови и обезбедување на коегзистенција помеѓу луѓето и животните во дивината. Резерватот е дом на некој од најранливите видови животни како слоновите, црните носорози, афричките диви кучиња и зебрите кои го делат резерватот со лавовите и други поголеми предатори.

Оваа иницијатива е поддржана од страна на глобалниот логистички партнер на Jaguar Land Rover и поддржувач на Tusk, DHL.

Лаура Вуд, Директор на ПР во Jaguar Land Rover изјави: “Оваа активност ни овозможи да работиме заедно со нашите партнери, Tusk и DHL, со цел да се обелодени фактот дека бројот на лавовите во Африка е во континурано опаѓање. Борана резерватот се состои од повеќе различни околини, што го прави одличен полигон за тестирање на off-road атрибутите на новиот Defender.“

*Промотивен текст

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Авто новости

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Read more

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Read more

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Read more
 

Автомобили

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе

Откриена цената на првиот автомобил на Xiaomi: Вреди ли толку?

Читај повеќе

VW Passat добива четири нови мотори, еден е особено интересен

Читај повеќе