Нерешено на Камп Ноу и Сантјаго Бернабе

Без победник и со иднетичен резулатат завршија двете дерби средби кои се одиграа во рамките на петтото коло во Примера. Реал одигра 1-1 со Виљареал, а бод освои и Атлетико во Барселона.

Барселона и Атлетико одигра на сигурно, никој не рескираше премногу што покажува и конечниот резултат 1-1. Иако Барселона упати 19 удари кон голот на Облак, имаше само една чиста шанса, во финишот на мечот преку Пике.

Каталонците го отворија резултатот на истекот на првиот дел преку Ракитќ, кој со удар со глава ја погоди мрежата на Атлетико.

Израмани Анхел Кореа во 61. минута, откако ја искористи асистенцијата на Торес и лошата реакција на Маскерано. Кореа нецела минута пред постигнувањето на голот влезе во игра.

Барселона последните 30 минути ги одигра без Меси кој поради повреда ја напушти играта.

Реал не успеа да слави против Виљареал, иако во второто полувреме доминираше на теренот: Мората, Бејл, Роналдо и Бензема не реализираа чисти шанси.

Виљареал постигна гол во 45. минута, кога Бруно Соријано од пенал го совлада Касиља. На пеналот му претходеше играње со рака во сопсвениот шеснаесетник на Серхио Рамос.

Токму Рамос го израмни резултатот по три минути игра во второто полувреме.

Од нерешените резултати во Мадрид и Бареселона, покрај Реал профитираше и Севилја која сега се наоѓа на втората позиција со 11 бодови, два помалку од Реал. Барселона е на третото место со десет, а Атлетико има бод помалку на четвртата позиција.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе