Netflix вчера соопшти дека ги откажува единствените две ТВ-серии на Marvel што останаа да се емитуваат на популарната платформа и со тоа ефективно ја заврши врската со компанијата Disney.
Третата сезона на „Jessica Jones“ што треба да почне да се емитува наскоро, ќе биде последна за серијата, рекоа од Netflix. Компанијата вчера соопшти и дека серијата „The Punisher“ нема да има трета сезона.
„Благодарни им сме на Marvel за петте години плодна соработка и им благодариме на верните обожаватели кои ги следеа овие серии од почетокот“, стои во соопштението на Netflix.
Marvel Television е ТВ-секторот на Marvel Entertainment на Disney, од каде излегоа некои од најголемите блокбастери во 2018 година, како „Black Panther“ и „Avengers: Infinity War“.
Со оглед на тоа дека се очекува Disney да почне сопствен стриминг сервис, Disney+, дел од извршните функционери на компанијата не ја исклучуваат можноста сериите на Marvel од кои се откажа Netflix да добијат втор живот.
Другите три серии на Marvel Television што се стримуваа на Netflix - „Daredevil“, „Iron Fist“ и „Luke Cage“ беа откажани лани.
Disney уште нема кажано дали сериите на Marvel ќе бидат додадени на Disney+, но Кевин Мејер, претседател на одборот на одделението за потрошувачи, рече дека ова се „многу квалитетени серии“ кои „е можо“ да бидат оживеани на новиот сервис.