Netflix го објави новиот трејлер за „Mowgli“
Сите ја знаете приказната за Могли – детето од џунглата, но чекајте додека да видите како истата приказна ќе ви ја раскаже актерот и режисер Енди Серкис. „Mowgli“ премиерно ќе биде прикажан во американските киносали на 29 ноември, а само една недела подоцна ќе биде достапен на Netflix.
„Mowgli“ ја раскажува приказната за дете поделено помеѓу два света кое никогаш не се чувстува доволно удобно за да припаѓа во еден од световите. Тој мора да се справи со предизвиците и опасностите за да дознае каде навистина припаѓа.