Неверојатна глетка: Фока си игра со пеперутка
Запознавање и заедничка игра на фока и пеперутка забележано е во зоолошката градина во Орегон, а видеото кое е објавено го воодушеви светот.
Фоката во зоолошката градина во Орегон имаше несекојдневен посетител - пеперутка, а се чини дека и на неа друштвото и се допадна.
Во моментот кога ја здогледа, од другата страна на стаклениот ѕид, тригодишната фока Каја пливаше до пеперутката.
Таа се движеше многу брзо, но јасно покажуваше дека ужива во друштвото на „непознатото суштество“.