Ни носталгијата по Дилан не помага против слабата гледаност на „BH90210“

Децата од 90-тите ги возбуди веста за реанимирањето на серијата „Beverly Hills, 90210“ под нов наслов „BH90210“, но новата серија не е баш враќање на старата, туку серија за актерите кои размислуваат да ја вратат во живот серијата што згасна пред 19 години.

Целата ситуација е многу збунувачка, особено бидејќи фановите очекуваа да ги видат повторно нивните омилени ликови, а не пропаднатите актери од серијата што беше задолжителна ТВ-лектира за тинејџерите во 90-тите.

Четвртата епизода од новата серија што се емитува на Fox ја гледале само околу 1 милион гледачи, што е пад на и онака слабата гледаност на серијата воопшто.

Пред да почне да се емитува серијата, продукцијата наведуваше дека дејството ќе се врти околу старите ликови - Бренда (Шенон Доерти), Дона (Тори Спелинг), Кели (Џени Гарт), Брендон (Џејсон Пресли), Стив (Ијан Зиринг), Дејвид (Брајан Остин Грин) и Андреа (Габриела Картерис), а она што гледачите го добија е слатко-горчлива носталгија и приказна во која се мешаат фикцијата и реалноста.

Дури и спомнувањето на Лук Пери, актерот кој го играше ликот на проблематичниот Дилан Мекеј и почина набрзо по соопштувањето на веста за реанимирање на серијата, не помогна за подобрување на рејтинзите на серијата.

Напротив, целата сцена во која му се оддаде почит на Пери, иако беше трогателна, фановите ја доживеаја како очајнички обид да се „исцица што може“ од нивната носталгија кон серијата и љубовта кон ликот.

Не помогна ни тоа што Спелинг и Гарт упорно го спомнуваат Пери во нивните интервјуа, иако беше познато дека актерот немал желба, ни намера да се приклучи на проектот.

Пери имаше успешна улога во серијата „Riverdale“ кога му беше понудено да се врати во старата екипа, а неговите поранешни колешки тврдат дека имале целосна поддршка од него за развивање на проектот.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Филм & ТВ

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Read more

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Read more

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more
 

Сцена

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе