Музика

Ни срам, ни перде: Сѐ што украдоа балканските музичари од светот

8. април 2019 - 14:18 | К.З.

Балканската музичка сцена со децении наназад „позајмува“ цели песни од американски, турски и италијански артисти и ги продава како свои. Српскиот рапер Џус направи цела листа од оригинални песни и нивните балкански плагијати, за да им покаже на неговите „колеги“ од сцената дека знае што прават.

Музиката на Џус не е за секого – тоа е и повеќе од јасно. Но, неговата улога на балканската музичка сцена е уникатна. Оригиналноста е тоа што го одвојува Џус од повеќето музичари, па тој реши да го нагласи токму тоа.

На листата на „плагијатори“ се најдоа еден куп популарни музички имиња од Балканот. Почнувајќи од Дино Мерлин и „Бјело Дугме“, преку Жељко Јоксимовиќ и Мишо Ковач, па до скоро секој турбофолк артист од Србија и околните земји.

 

Така на пример, песната „Burek“ на Дино Мерлин е всушност „Bongo Bong“ од Ману Чао, додека зад „Lazes zlato, lazes duso“ на групата „Бјело Дугме“ се крие песната „Ready for Love“ на групата „Бед Компани“. А на листата има уште стотина вакви примери.

Изгледа дека е многу полесно да се украде нечие дело отколку да се вложи напор и да се произведе оригинално дело. Но, на крајот од денот, сите оригинални верзии на горенаведените песни се веќе докажани, вистински хитови – така што музичарите од Балканот барем „краделе“ квалитетни дела... Ако тоа е некоја утеха.

Коментирај