Nike објави нова реклама со најпознатите спортисти во светот
Во новата реклама на Nike, со наслов „Unlimited You“, се појавуваат некои од најпознатите спортисти на денешницата. Оваа реклама е дефинитивно една од најдобрите што досега сте ги виделе.
Наратор е Оскар Ајсак, а во рекламата се појавуваат Серена Вилијамс, Нејмар, Кевин Дурант и други. Рекламата започнува со снимки од спортисти аматери кои еден ден ќе постигнат голем спортски успех.
„Сите овие спортисти се ужасни сега, но еден ден ќе бидат познати спортисти“, вели нараторот.