Nintendo планира нова верзија на Switch за 2019 година

Токио, 4 октомври 2018 (МИА) - Јапонската технолошка компанија Нинтендо следната година планира да лансира нова верзија на својата конзола Switch, за да се задржи моментумот, кој го обзбеди со продажбата на уредот, објави The Wall Street Journal.

Продажбата на Switch, која беше претставена во март 2017 година, се уште е голема, но веќе не носи големи профити како во првата година од промоцијата на уредот на пазарот.

Ажурирање на Switch сугерира дека компанијата дејствува брзо за да осигури дека нејзиниот уред нема да ја изгуби својата конкурентност. Nintendo се уште дебатира за тоа што ќе вклучуваат новите хардверски и софтверски функции и како тоа ќе влијае на цената.

Една од опциите е да се подобри екранот. Тековниот Switch користи LCD екран од ниска класа, без одредени технологии, кои се стандардни за последните LCD дисплеи на паметни телефони.

Подобрувањето на дисплејот со овие технологии ќе го направи полесен, потенок и енергетски поефикасен. Сепак, уредот не се очекува да пристигне со OLED панел, кој се користи во серијата на Apple iPhone X.

Nintendo планира да ја пушти новата конзола во продажба во втората половина од 2019 година.

реклама

Гејминг

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Read more

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе