Екипата на Ливерпул со ремито против ривалот Евертон го изгуби првото место на табелата во англиската Премиер лига.
По завршувањето на мечот, едно од момчињата задолжени за собирање топки, го провоцираше тренерот Јирген Клоп со саркастично ракоплескање додека тој излегуваше од терен.
Момчето облечено во тренерка на Евертон со саркастичен аплауз го испрати видно разочараниот Клоп од теренот, но Германецот не падна на ниската провокација.
Иако момчето првично најверојатно помисли дека Клоп ќе го искритикува поради таквиот неспортски потег, Клоп само се насмеа и се упати кон тунелот.
Клоп важи за еден од тренерите со најспортско однесување во фудбалскиот свет и миленик на медиумите, особено кога станува збор за прес-конференции.