Вештачка интелигенција генерира лажни човечки лица

Ниту една од овие личности не постои

Напредокот на вештачката интелигенција (AI) е сѐ побрз и пострашен, посебно ако се земе предвид можноста дека оваа технологија може да биде злоупотребена. Вистинската моќ на AI ни ја покажува веб-страната ThisPersonDoesNotExist.com, која генерира слики со лажни човечки лица на секое „освежување“ на страната.

Веб-страната е креација на Филип Ванг, софтверски инжинер во Uber, и таа ги користи знаењата од истражувањето на Nvidia, со кои креира бескраен извор на слики со лажни лица.

Алгоритамот кој стои зад страната ThisPersonDoesNotExist е трениран со помош на огромна база на вистински фотографии од луѓе, а користи тип на неврална мрежа наречен Generative Adversarial Network (GAN) за да „печати“ нови примери и лица.

„Секогаш кога ќе стиснете Refresh, невралната мрежа ќе генерира комплетно нова слика. Мислам дека многу луѓе не разбираат колку може да биде добра вештачката интелигенција во полето на синтетизирање на фотографии, знаења и други елементи“, изјави Филип Ванг.

Вештачката интелигенција која ја користи оваа веб-страна оригинално беше измислена од истражувачот Иан Гудфелоу. Верзијата на оваа AI, наречена StyleGAN, неодамна беше поставена во полето на јавен домен кој секој може да го користи, а таа е многу флексибилна и има повеќе од една намена. Конкретно оваа верзија е дизајнирана за да генерира човечки лица, но веќе започнаа тестирања и на други „мети“, како аниме карактери, фонтови и графити.

И тука доаѓаат негативните страни – како што можевме да видиме од користењето на технологии како GAN, се отвора голем ризик за фалсификување на човечкото лице, а најчестите примери за тоа се во порнографијата, каде одредени креатори ги копираат лицата на познатите личности и ги вметнуваат во порнографска содржина, на местото на лицето на порно актерот/актерката. Тие се наречени Deepfakes и борбата против нив тукушто започнува.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Интернет

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Read more

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Read more

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more
 

Гик

Мистеријата за гробот на Платон е решена откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе
  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе