Ниту Samsung, ниту Huawei: Првиот 5G телефон пристигна во Европа

По малку неочекувано, првиот телефон со револуционерната 5G технологија пристигна во Европа, но тој не е ниту Samsung, ниту Huawei. Се работи за Oppo Reno 5G, кој премиерно беше претставен во Швајцарија.

Поврзувањето преку 5G мрежата конечно пристигна и во Европа. Иако на почетокот оваа мрежа нема да работи во полн капацитет, сепак ќе биде побрза од постоечката 4G мрежа.

Пред неколку недели во Јужна Кореја, Samsung го претстави првиот уред со 5G технологија на пазарот, а веднаш по него се појави и моделот на OnePlus, компанијата што потпиша договор со британскиот оператор EE. Ама Oppo ги претекна сите конкуренти и стана првата компанија која претстави свој уред со 5G технологија на европскиот пазар.

Швајцарскиот оператор Swisscom во својата понуда од месецов ќе го има и моделот Reno 5G на кинеската компанија Oppo. Телефонот пристигнува на пазарот со телефото камера со десеткратен оптички зум, 6,6-инчен AMOLED екран и 256GB внатрешна меморија, а ќе чини 880 евра.

Покрај тоа, Reno 5G ќе има процесор Qualcomm Snapdragon и 8GB RAM. На задната страна се наоѓа систем од три камери - стандардна леќа од 48MP, ултраширока леќа од 8MP и телефото леќа од 13MP. Телефонот има батерија со капацитет од 4.065 mAh и поддржува брзо полнење.

Swisscom на нивните потрошувачи ќе им понуди 5G мрежа со брзини до 2Gbps, а корисниците за оваа брзина ќе плаќаат по 9 евра месечно. За споредба, стандардната брзина на 4G е 100Mbps.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе