Кошарка

Ниту шампионот не го запре Дончиќ: Трипл-дабл за Лука против Вориорс

24. март 2019 - 11:03 | К.З.

Од сите натпревари кои се одиграа синоќа, најмногу внимание привлече дуелот помеѓу Голден Стејт Вориорс и Далас Маверикс, во кој шампионот на домашен терен го пречека талентираниот Словенец, Лука Дончиќ.

Токму Лука го предводеше тимот на Далас Маверикс до победа од 126:91 против Голден Стејт Вориорс.

Отсуството на Стеф Кари од тимот на Вориорс значеше поголема слобода за тимот на Далас Маверикс, а тоа посебно го искористи Лука Дончиќ, кој ја заврши вечерта со трипл-дабл учинок од 23 поени, 11 скока и 10 асистенции. Со овој трипл-дабл, Лука се искачи на второто место на кошаркари кои имаат најмногу трипл-дабл учиноци во првата сезона во НБА (на првото место е Меџик Џонсон). Одлична поддршка за младиот Словенец беше Дирк Новицки, кој постигна 21 поен – најмногу оваа сезона за него.

На спротивната страна, неефикасноста беше главната причина за поразот на актуелниот шампион и фаворит за титулата, Голден Стејт Вориорс. Кевин Дурент постигна 25 поени, но шутираше неефикасно од поле. Демаркус Казнс додаде 19 поени и 6 скока, а Кевон Луни беше последниот играч со двоцифрен број поени (12).

Останати резултати:

Шарлот Хорнетс – Бостон Селтикс 124:117

Вашингтон Визардс – Мајами Хит 108:113

Атланта Хокс – Филаделфија Севентисиксерс 129:127

Чикаго Булс – Јута Џез 83:114

Мемфис Гризлис – Минесота Тимбервулвс 99:112

Портланд Трејл Блејзерс – Детроит Пистонс 117:112

Сакраменто Кингс – Феникс Санс 112:103

Коментирај