Рецепти

Њоки со печена тиква и пармезан

14. октомври 2019 - 15:45 | М.С.

Се подготвува едноставно, а ќе ве воодушеви. Пробајте го овој рецепт доколку сте љубител на тиква.

Состојки:

400 гр. њоки

Два листа жалфија

Три лажици путер

Маслиново масло

Сол и бибер

Пармезан

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 190 степени. Излупете ја тиквата и исечете ја на коцки. Наредете ја на тава обложена со хартија за печење и прелијте со маслиново масло.

Посолете и печете најмалку 20 минути додека да омекне.

Варете ги њоките во солена вода, а потоа исцедете ја водата.

Путерот загрејте го во голема тава на средна температура, додајте жалфија и пржете околу една минута. Извадете ја жалфијата, намалете ја температурата и путерот загрејте го додека да добие златеста боја.

Промешајте ги њоките и тиквата, посолете и одозгора нарендајте пармезан.

Коментирај