Свет

Њујорк: Уапсен маж кој сакал да запали катедрала

18. април 2019 - 10:37 | Б.С.Б.

Њујоршката полиција уапси 37-годишен маж кој синоќа влегол во католичката катедрала Свети Патрик во Њујорк со канистери полни бензин, течен гас и запалка.

Осомничениот влегол во катедралата во центарот на Менхетн во 8 часот навечер, при што му пришол припадник од обезбедувањето. Кога сакал да си замине бензинот се истурил на подот, а чуварот повикал полиција. Наскоро бил уапсен и приведен на испитување

Осомничениот кај себе имал 18 литри бензин, две боци течен гас и запалки. На полицајците им кажал дека минувал низ катедралата за да стигне од Петтата авенија до Авенија Медисон и дека во комбето му снемало бензин. Полицијата ги проверила наведувањата и открила дека возилото не останало без бензин. Човекот е уапсен, а не се даваат детали дали мотивот на инцидентот во црквата е тероризам.

Ова се случува два дена по пожарот во париската катедрала Нотр Дам, за кој истрагата сè уште трае.

Коментирај