Нобеловецот Али: Големо признание и награда за Африка

Осло, 11 октомври 2019 (МИА) – Премиерот на Етиопија Абиј Ахмед Али изјави денеска дека е „почестен и возбуден“ поради тоа што е добитник на годинашната Нобелова награда за мир.

– Почестен сум и возбуден. Многу ви благодарам. Тоа е награда за Африка, Етиопија и можам да замислам колку останатите африкански лидери позитивно ќе гледаат на процесот на градење мирот на нашиот континент, рече Абиј.

Во телефонскиот разговор со секретарот на Норвешкиот Нобелов комитет, тој повтори дека е среќен и воодушевен од наградата и истакна дека тоа е големо признание за него.

Нобеловата награда за мир му беше доделена денеска на етиопскиот премиер за неговите напори за постигнување мир и меѓународна соработка, особено за неговата одлучна иницијатива за решавање на пограничниот конфликт со соседна Еритреја, се вели во образложението на наградата.

Меѓународни организации и светски лидери веднаш ја поздравија одлуката на норвешкиот Нобелов комитет признанието за мир да го додели на етиопскиот премиер.

Генералниот секретар на ОН Антониу Гутереш изјави дека честопати рекол дека „ветровите на надеж сè посилно дуваат во Африка“ и дека овогодинешниот лауреат е една од главните причини за тоа.

Гутереш преку соопштение истакна дека му било чест што присуствувал на потпишувањето на мировниот договор меѓу Етиопија и Еритреја со кој се стави крај на еден од најдолгите конфликти во Африка.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на Twitter напиша дека Али покажал дека мирот е можен со „трпеливост, храброст и убедување“.

„Со својата храброст, тој гради мостови во регионот, обновувајќи ги мировните преговори по 20-годишен застој со Еритреја“, оцени Европската комисија на Twitter по повод Нобеловата награда за мир за Абиј Ахмед Али.

Премиерот на Етиопија доби честитки и од најголемиот дел од лидерите во Африка.

реклама

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе