Најбизарните филмски постери на сите времиња
Во 80-тите и 90-тите постерите за холивудските филмови што се прикажувале во Африка ги цртале локални уметници. Задачата им била да ги направат што е можно позабавни и повозбудливи, без разлика кој е заплетот во филмот.
И не само тоа, понекогаш ги цртале промотивните материјали без воопшто да го погледнат филмот. Целта на постерите била да продаваат влезници за кино, па ако најавата била дека филмот е крвав, постерот требало да биде што е можно покрвав.