Останати спортови

Нокаут за историја: Израел Адесања стана УФЦ првак во средна категорија

6. октомври 2019 - 17:43 | А.С.

Израел Адесања стана првк на УФЦ во средна категорија откако го нокаутираше Роберт Витакер на настанот УФЦ 243 во Мелбурн.

Новозеланѓанецот со нигериско потекло пред публика од 57.000 гледачи со спектакуларен нокаут во втората рунда го победи досегашниот првак и ја запиша 18-тата победа во кариерата во исто толку натпревари.

Адесања упати одлична комбинација од контра, Витакер падна, а по уште еден удар судијата веднаш ја прекина борбата.

Адесања во период од само 20 месеци успеа да дебитира во УФЦ и да ја освои титулата првак. Тој стана 11-ти првак во средната категорија на УФЦ.

Коментирај