Хардвер

Noke: Паметен катанец што работи на Bluetooth

19. август 2014 - 10:59 | И.М.

Во комбинација со вашиот iOS или Andorid уред, Noke е катанец кој со помош на Bluetooth се отклучува кога ќе почувствува дека сте во близина. Според компанијата, ова е првиот катанец кој работи на Bluetooth технологија.

Изработен од челик, дизајнот на куќиштето е едноставен и елегантен. Работи на батерија која трае до една година, а на површината има LED светло кое служи како идникатор за кога катанецот е во функција. 

За разлика од некои други Bluetooth уреди, тука нема потреба да го вадите смартфонот воопшто за да го вклучите катанецот. Кога ќе се доближите на околу 3 метри до катанецот, а смартфонот ви е вклучен, катанецот автоматски ќе се отклучи. 

Доколку пак се случи да го заборавите телефонот и не го носите со вас, може да го отклучите со претходно испрограмирана комбинација на стисоци на катанецот.

Уште една добра функција на овој паметен катанец, е тоа што ви доволува да споделите „клуч“ со неколку различни корисници, кои ќе имаат неограничен, или временски ограничен пристап до катанецот - сето тоа преку смартфон. 

Тимот зад катанецот, кој може да се користи за заклучување велосипеди, врати или сандачиња, преку Kickstarter кампања собира средства за пуштање на истиот во продажба. Цената на катанецот преку кампањата е 59 долари, а во февруари, кога ќе се најде во малопродажба, ќе се продава по цена од 89 американски долари.

Коментирај