Мобилни

Nokia се враќа на пазарот на смартфони, претставен нов уред

10. јануари 2017 - 9:27 | Д.П.

По неколку години отсуство Nokia се врати на пазарот на смартфони со моделот Nokia 6 кој е наменет за купувачите во Кина. Финската компанија HMD Global, која ги поседува правата за брендот Nokia, го претстави моделот Nokia 6, кој е од среден ранг, а го користи оперативниот систем Android Nougat.

Смартфонот има 5,5 инчен full HD екран со резолуција од 1.920х1080 пиксели, има сензор за отисоци на прстите и алуминиумско куќиште. Моделот е сличен на Samsung Galaxy S7, a има Snapdragon 430 процесор.

финската компанија засега не се интересира за глобалниот пазар, а во Кина ќе го продава по цена од 250 долари. Во првата половина на оваа година ќе претстави и уште неколку уреди.

Nokia 6 доби 4 GB RAM, 64 GB внатрешна меморија, два звучника, главна камера од 16 мегапиксели и предна со 8 мегапиксели.

Коментирај