Nokia X7 со 6,2-инчен екран почна да се продава во Кина

Компанијата HMD Global повторно го разбуди името Nokia на светските пазари за смартфони. Новиот модел X7 вчера беше претставен во Кина и денеска веќе започна со продажба. Овој флегшип телефон со 6,2-инчен екран ќе се продава по многу пристапна цена на азискиот пазар, а набрзо пристигнува и во Европа.

Овој нов модел, кој на кинескиот пазар ќе се продава под името Nokia X7, во Европа, САД и останатите пазари ќе го носи името Nokia 7.1 Plus.

Најновиот флегшип телефон од производната линија на Nokia доаѓа со 6,2-инчен LCD екран со 1080p, кој го има и веќе популарниот „notch“ – главното обележје на флегшип телефоните на поголемите производители на смартфони. X7 е опремен со Snapdragon 710 процесор и доаѓа во две верзии, едната со 4GB RAM и 64GB внатрешна меморија а другата со 6GB RAM и 128GB внатрешна меморија.

Неговата батерија од 3.500 mAh поддржува брзо полнење, што стана составен дел од скоро секој нов флегшип модел. Nokia X7 има и 12-мегапикселна главна камера со сензор за длабочина од 13 мегапиксели.

Новиот X7 ќе работи со оперативниот систем Android 8.1, но и понатаму ќе може да презема апдејти за Android One, додека компанијата работи и на апдејтот на Android 9 Pie. Цената на телефонот во Кина е 1.699 јени, односно 246 американски долари.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе