Со доаѓањето на 2017 година Норвешка ќе го започне процесот за гасење на FM радио мрежи. FM сигналот ќе биде заменет со модерна дигитална технологија која се базира на Digital Audio Broadcasting (DAB) стандардите.
Застапниците на преминот кон дигитална технологија истакнуваат дека на тој начин ќе заштедат пари и ќе им биде овозможено на локалните радио сервиси поголеми инвестиции во самиот радиски програм. Дигиталното радио сигурно ќе ја поттикне конкурентноста на пазарот и ќе обезбеди нови можности за иновации и развој.
Од друга страна, критичарите на овој потег велат дека 15 милиони FM радио приемници во Норвешка ќе станат сосема бескорисни, што дополнително ќе ги изолира жителите во веќе доволно изолираните делови на Норвешка и ќе оневозможи голем број граѓани да го следат преносот на итни информации преку радио. Исто така, се напоменува дека FM радио приемници се вградени во два милиони автомобили кои се во сопственост на норвешки граѓани.
Процесот на гаснење на FM радио мрежите ќе започне на 11 јануари со исклучување на мрежата во градот Бодо, но до крајот на годината треба да бидат исклучени во целата земја.
Норвешка е прва земја во светот која целосно ќе ја затвори својата FM радио мрежа, во иднина слична ваква постапка планираат и Велика Британија, Швајцарија и Данска.