Нов магацински комплекс на Нептун Македонија

На 21 октомври 2016 година започна со работа новиот магацински комплекс на Нептун Македонија, лоциран во општина „Илинден“. Изградбата на објектот започна во јануари годинава. 

Се работи за модерен објект за складирање на бела техника и електроника проектиран поактуелните светски архитектонски стандарди. Објектот е изграден на површина од 7.700 м2 и опфаќа – 6.500 м2 магацински склад и галерија од 1.200 м2. Целосната инвестиција изнесуваше 3 милиони евра, а беше комплетирана за 10 месеци.

Магацинот има еко дизајн кој ги поврзува аспектите на животната средина во дизајнот. Во градбата се инкорпорирани голем број странични прозори и лантерни на кровот, кои овозможуваат целосно осветлување на магацинот само со дневна светлина, со што се заштедува електрична енергија и се штити животната средина. Објектот ги запазува и сите стандарди за енергетска ефикасност.

При надворешното и внатрешното градење на објектот се користени единствено високо квалитетни материјали. При планирањето на проектот се запазени сите регулативи за магацинско работење, преземени се сите противпожарни мерки, но и мерки за безбедност при работа. Во таа насока поставени се роло-врати со тунели, воздушни завеси, кров со лантерни кои автоматски се отвораат во случај на пожар.  Објектот е пристапен и за инвалидизирани лица.

Новиот магацински комплекс, располага со 4 целосно автоматизирани товарни рампи и дополнителни 3 платформи за влез и излез на роба; шалтер за документациска работа, административни канцеларии и чуварска куќа со комплетен мониторинг на објектот. Обезбеден е паркинг за лесни и тешки возила. Работното време на магацинот е од понеделник до петок од 07.00– 20.00 часот.

Во магацинот работат вкупно 78 лица. Магацинскиот комплекс на Нептун обезбедува пријатни услови за работа на вработените, кои на располагање имаат кујна, соблекувални, тоалети со туш кабини и современо уредени канцеларии.

Внатрешниот простор е опремен со современи сталажи организирани по продуктни категории, а движењето е целосно автоматизирано. Доставата, растоварањето и товарањето се максимално автоматизирани.

Во однос на надворешното уредување, планирано е хортикултурно уредување на околината и садење на 60 елки. Во план е овој објект да стане комплекс кој ќе ја обедини работата на Магацинот, Шпедицијата и Јавниот царински склад.

Малопродажната мрежа Нептун веќе 18 години е присутна на македонскиот пазар. Во моментов е застапена со 22 продажни места во 18 градови во Македонија. Последната продавница Нептун ја отвори во Чаир.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Read more

Без струја дел од Карпош

Read more
 

Вести

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе