Нов медитерански ветер во грб за електричната Cupra Born

Cupra најавува нова верзија на електричниот модел Born. Под позвучното име Born VZ, оваа верзија развива 326 коњски сили и може да помине до 570 километри со едно полнење на малку надградена батерија.

Како прв модел на шпанската марка со нула емисии, Cupra Born беше лансирана во 2021 година. Иако минатата година, поради помалата побарувачка, имаше прекин на производството во германските фабрики каде се склопува овој клон на Volkswagen ID.3, Born лани постигна добар продажен резултат со оглед на испорачените 45.300 примероци. Ова е значителен раст од речиси 45% во однос на 2022 година.

Сега, три години по своето деби, Cupra најавува нова и малку подобрена верзија на Born. Станува збор за верзија на Born VZ, која е опремена со бандажи од 20 инчи, потоа Dark Chrome детали, а палетата на бои на надворешноста вклучува две нијанси: Dark Forest и Midnight Black.

Во внатрешноста Cupra обезбеди спортски седишта, кои беа донирани од моделите Formentor VZ5 и Leon VZ, тапацир од еколошки материјали и централен дисплеј со дијагонала од 12,9 инчи за мултимедијалниот систем. Аудио системот Sennheiser со 10 звучници и моќност од 425 W е на листата на опции.

Новата Cupra Born VZ нуди моќност на електромотор од 326 КС и 545 Nm вртежен момент, што е доволно за спринт до 100 км/ч за 5,7 секунди и максимална брзина од 200 км/ч. Најважната точка на подобрување е батеријата. Наместо 77 kWh, Born VZ нуди батерија со малку поголем капацитет од 79 kWh (+2 kWh). Проценетата автономија е 570 километри, а полнењето може да се врши и на брзи полначи до 170 kW.

Листата на технички подобрувања вклучува ревидирано управување, подобар систем за сопирање и спортска суспензија. Новата Cupra Born VZ ќе дебитира на пазарот во третиот квартал од оваа година.

реклама

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Авто новости

Почна производството на електричниот Porsche Macan, целта е 20.000 примероци за една година

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Read more

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Read more
 

Автомобили

  • filter

Почна производството на електричниот Porsche Macan, целта е 20.000 примероци за една година

Читај повеќе
  • play_arrow

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Читај повеќе
  • filter

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Читај повеќе

Како да препознаете дека акумулаторот слабее?

Читај повеќе

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Читај повеќе

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Читај повеќе
  • play_arrow

Tesla ги чува непродадените возила на паркинг во трговски центар

Читај повеќе