Нов музички спот за песната „Земја“ од проектот „Сонуваме.Менуваме“

По повод меѓународниот ден на лица со Даунов синдром 21.03, во просториите на Стопанска банка АД – Скопје пред претставниците на медиумите и учесниците во проектот „Сонуваме.Менуваме“ промовиран беше музички спот за песната „Земја“ во продукција на ОхО, со што на одреден начин се заокружи првото издание на проектот.

Видеото е изработено со извадоци од сценскиот перформанс на лицата со посебни потреби и пречки во развојот и дополнето со ликовите на ТВ Серијата „5+ фамилија“ кои активно учествуваа во проектот и изработката на песната.

Симболиката на текстот од песната ги поканува слушателите да гледаат со очи на дете (односно невино, чисто, со разбирање) и да им подадат пријателска рака на лицата со посебни потреби и пречки во развојот, додека препознатливата мелодиската позадина има за цел креирање поголем ефект и полесно прифаќање. Песната е изведена од 5+ бенд и детскиот хор при МОБ.

Во рамки на проектот „Сонуваме.Менуваме“ Стопанска банка АД – Скопје заедно со асоцијациите и здруженијата покрај сценските настапи и инклузивната претстава изработи видео пораки кои се достапни за едукативните центри низ Македонија за промовирање на инклузивноста, разбирањето, емпатијата и поддршката на лицата со посебни потреби и нивните семејства. На овој начин се надеваме сите генерации граѓани ќе помогнат во прифаќање на разликите кои не надополнуваат и не прават посилни како општество.

Стопанска банка АД – Скопје уште еднаш им благодари на сите учесници и соработници на „Сонуваме.Менуваме“ кој се надеваме дека ќе прерасне во долгорочен и одржлив проект.

Музичкиот спот и едукативните видеа се достапни на овој линк.

 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Македонија

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Read more

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Read more

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Read more
 

Вести

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Читај повеќе

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Читај повеќе

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Читај повеќе

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Читај повеќе

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Читај повеќе