Останати спортови

Нов рекорд: Африканец за 57 часа преплива 151 километар во океан

16. септември 2019 - 13:28 | Ф.З.

Камерон Белами постави нов светски рекорд за најдолго пливање во океанки води откако непрекинато пливаше 57 часа од Барбадос до Сент Лусија на Карибите.

Пливачот од Јужна Африка направи нов подвиг поставувајќи светски рекорд за најголго пливање без прекин. Неверојатниот Кам растојанието од точно 151,7 километри помеѓу карипските острови Барбадос и Сент Лусија го преплива за 56 часа и 36 минути. Страшно достигнување кога ќе се помисли на фактот што пливаше без престан, освен паузите за вода и јадење.

Со овој подвиг тој го собори рекордот на австралиската пливачка Клои Меккардел од октомври 2014 кога преплива 124,4 колометри во бахамските острови Јужна Елутера и Насау за 41 час и 21 минута.

Камерон пливаше по посебен режим: пиеше вода секои 30 минути, а добиваше храна на секој час. Користеше и вазелин и лосион за заштита на телото од солта и сончевите зраци.

Коментирај