Нов скандал: И Роналдо затајувал данок?

По Лионел Меси, Нејмар, Хавиер Маскерано и Самуел Ето нова мета на даночните органи во Шпанија би можел да стане Кристијано Роналдо. Весникот „El Confidencial“ објави дека најдобриот играч на Реал со години го користел даночниот систем во Ирска за да задржи повеќе пари од мултинационалните компании со кои склучувал договори.

Документите кои ги објави „Football Leaks“, откриваат дека маркетинг компанијата „Multisports & Image Management (MIM) Limited“, основана во Даблин во 2004 година, склучувала договори со големи брендови со кои соработува и португалскиот фудбалер.

Основач на компанијата е адвокатот Енди Квин кој нема директна врска со Португалецот, меѓутоа весникот наведува дека доверливи документи откриваат дека MIM од 2012 година има право да го користи името, пишаните и кажаните изјави, потписот, биографските податци, фотографиите и видео снимките кои се однесуваат на Роналдо.

сето ова било направено бидејќи данокот во Ирска е 12,5 отсто, што е двојно помалку него во Шпанија. Според тврдењата на шпанскиот весник за сите свои приходи Роналдо на шпанските власти би требало да им плати 43,5 отсто данок.

Доколку се докаже дека Роналдо имал свој удел во комапнијата MIM и доколк не е пријавена неговата соработка со наведената компанија би можел кривично да одговара за даночно затајување.

Поради даночно затајување шпанските власти веќе ги осудија Лионел Меси и Хавиер Маскерано, а обвинети се Нејмар и Самуел Ето чии судски постапки се во тек. 

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Фудбал

Родри една година не доживеал пораз

Read more

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Read more

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Read more

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Read more
 

Спорт

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо повторно има нова ѕверка, со моќен мотор

Читај повеќе

Ангеловски распали по ФФМ и Милевски: Наместо подобрување, со својата нестручност ја растурија најдобрата генерација

Читај повеќе

Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Читај повеќе