Нов, специјален трејлер за „Captain Marvel“
Точно два месеци остануваат од денеска до премиерата на „Captain Marvel“, па Marvel реши да нѐ „загрее“ со нов трејлер. За разлика од првиот, овој трејлер доби многу попозитивни реакции и ги натера фановите цела вечера да пишуваат за него на социјалните мрежи.
„Captain Marvel“ ја раскажува приказната за Керол Данверс, девојка која добива супермоќи и преку ноќ станува херој. Нејзината најголема задача досега – да го спаси светот.
Премиерата на „Captain Marvel“ е закажана за 8 март оваа година.