Музика

Нов спот на американскиот бенд Faith No More сниман во Македонија, со домашна екипа

29. септември 2016 - 18:51 | И.М.

Светски популарниот рок бенд Faith No More го објави спотот за својата песна „Cone Of Shame“. Видеото е снимано во Македонија, од страна на домашна екипа.

Режисер на видеото е Гоце Цветановски од македонската компанија Lynx Animation Studios, во чија продукција е видеото. Во спотот глумат неколку македонски актери меѓу кои и Митко Апостоловски.

Басистот на бендот вели дека иако можеби полесно би им било да го снимаат видеото во Аризона или Њу Мексико, но во Македонија (каде бил неколкупати) почувствувал посебен „вајб“, а режисерот Цветановски одлично ја пренел нивната визија. 

Песната „Cone Of Shame“ е дел од последниот албум на американскиот рок бенд, Sol Invictus. 

Погледнете го видеото:  

Loading the player...

 

Коментирај