Нова атракција: Највисоката лулашка во Европа
На висина од 100 метри над Амстердам е отворена највисоката лулашка во светот. Посетителите можат да уживаат во погледот пред себе, додека градот буквално се наоѓа под нивните нозе.
Лулашката се наоѓа на кулата A’DAM, а во неа има неколку ресторани, клуб и хотел, како и канцеларии на компании од музичката индустрија. На врвот на кулата има поглед од 360 степени на целиот град. Од отворањето минатиот мај повеќе од 100.000 посетители го посетиле ова место.
Лулањето со „Over the Edge“ за посетителите ќе биде бесплатно до 1 септември, потоа ќе чини 5 евра.