Нова демократија и неизлезноста победија во вториот круг од локалните избори во Грција

Атина, 3 јуни 2019 (МИА) – Повеќе од половина Грци одбраа вчера да не излезат на гласање во вториот круг од локалните избори за градоначалници и префекти, а според официјалните и конечни резултати од грчкото Министерство за внатрешни работи, Нова демократија е победникот, јави дописничката на МИА од Атина.

Мала излезност, пресврт во Солун и целосна доминација на Нова демократија во цела Грција, се главните карактеристики што го одбележаа вториот круг од локалните избори.

На официјалниот сајт на грчкото МВР по официјалните резултати, мапата на Грција со 13. периферии е обоена во сино – бојата на Нова демократија.

Со преброени 100 отсто од гласовите, во 12 од 13 периферии победници се кандидатите од Нова демократија. Меѓу седумте периферии кои вчера добија префект е и Атика, поширокиот регион на Атина, каде што Јоргос Патулис од Нова демократија доби 65,79 отсто од гласовите, а кандидатката од СИРИЗА, Рена Дуру која вторпат се кандидираше за втор мандат освои 34,21 проценти.

На гласањето за градоначалници, во Атина, убедливо победи Костас Бакојанис од Нова демократија со 65,25 отсто наспроти Насос Илиопулос од СИРИЗА кој доби 34,75 проценти од гласовите.

Во општина Солун, иако Константинос Зервас во првиот круг се бореше за второто место и влез во вториот круг, вчера донесе пресврт и го победи противкандидатот од Нова демократија, Никос Тахаиос, со разлика од над 33 проценти.

Во вториот круг од локалните избори е регистрирана и ниска излезност. За избор на градоначалници гласале 44,83 отсто, а за избор на префекти 41,89 проценти наспроти 59,02 отсто, односно 58,43 проценти во првиот круг.

Доцна синоќа грчкиот премиер ги посети предизборните штандови на СИРИЗА на плоштадот Синтагма во придружба на кандидатите за префект на Атика и градоначачник на Атина, Рена Дуру и Насос Илиопулос. Алексис Ципрас рече дека сега ги обединуваат силите за „битката над битките, што се националните избори“.

Нашите кандидати водеа битка на политичка култура, ги одбранија нашите идеи и ставови со динамика, одлучност и достоинство. Во политиката, како и во животот, многу е важно да се знаеш да победуваш, но да знаеш и да губиш, а најважно од сѐ е повторно да се исправиш и да се бориш, рече грчкиот премиер и им честита на победниците и од СИРИЗА и од другите партии.

Претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис изјави дека му е особено драго што во 12 од 13 периферии доминираа кандидатите од неговата партија, а „мапата на Грција се обои во сино, што во конкретниот случај синото не е само бојата на партијата туку и бојата на татковината“.

„Резултатот од европските избори предизвика голема политичка промена. За пет седмици доаѓаат клучни парламентарни избори. Тогаш, сите заедно ќе одлучуваме за иднината на земјата. И повторно ќе бидам во првите редови за умерена, цивилизирана предизборна битка. Со вистини, со план, со аргументи. Повторно ќе ја поминам цела Грција. Од град во град, од село во село. Водач ќе бидат нашите конкретни заложби за развој, работа, повеќе работни места, пониски даноци, за поефикасна држава. Така, надежта ќе стане реалност. За нова светла Грција, која сите ја посакуваме. И во која има место за сите Гркинки и за сите Грци“, посочи Мицотакис.

Како што вчера објави МИА, Грците вчера гласаа во вториот круг од локалните избори, но со вниманието насочено на предвремените парламентарни избори следниот месец.

Граѓаните со кои поразговара дописничката на МИА од Атина, на едно од гласачките места во грчката престолнина, истакнаа дека вчера, но и минатиот пат, минатата недела, на првиот круг од локалните и на европските избори, нивниот критериум биле личностите – кандидати, но на 7 јули веројатно е дека ќе одберат партија, бидејќи како што истакнуваат, следните парламентарни избори се особено важни.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Регион

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more

Вучиќ: Србија може да го напушти Советот на Европа откако беше примено Косово

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе