Нова драма, Македонија ремизираше со Норвешка

Македонија одигра нерешено со Норвешка 31:31 (17:13) во вториот меч во Групата 1 на Европското првенство во Полска.

Македонските ракометари, против селекцијата која е најпријатното изненадување на ЕП, играа беспрекорно 47 минути, кога водеа 27:22, но во последните десет минути на противникот му дозволија да го преземе водството 30:31, а потоа Миркуловски на 90 секунди до крајот го постави конечниот резултат. До крајот двете селекции не реализираа по еден напад и резултатот остана ист.

Македонија бргу се рехабилитираше по катастрофалната игра со Хрватска, од стартот на Норвежаните им го наметна својот стил на игра и полека ја градеше предноста.

Одбраната на чело со голманот Ристовски ги неутрализира противничките бекови, а нападот беше мирен, течен и ефикасен.

Таквата игра на Македонија ѝ донесе предност од четири гола на полувреме (17:13), која без поголеми проблеми црвено-жолтите ја одржува до 47 минута, кога во одбраната започна да попушта, а нападот стана безидеен.

Згора на тоа, и норвешкиот голман, кој 52 минути имаше само четири одбрани, за нецели две минути одбрани три удара (Манасков, Герогиевски, Стоилов).

Таквата игра Норвежаните безмилосно ја казнија, најпрвин израмнија на 28:28, а во финишот поведоа со 30:31, потоа имаа и два напада за зголемување на водството, пред Миркуловски со својот трет гол на мечот да го постави конечниот резултат.

На овој натпревар блескаше капитенот Лазаров кој постигна 11 голови, Манасков беше стрелец на пет, а Миркуловски на три гола. Голманот Ристовски мечот го заврши со десет одбрани.

Македонија наредниот меч ќе го одигра во среда, против селекцијата на Белорусија.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Ракомет

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more

Македонските ракометари добија лесна група во квалификациите за ЕП

Read more

РК Пролет реагира на судењето: Криминалното судење против Пролет мора да запре

Read more

Ракометарките убедливо поразени од Шпанија

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе