Концепти

Нова „ѕверка“ на повидок: BMW го подготвува концептот за X8

4. ноември 2019 - 16:25 | М.С.

Се чини дека BMW моментално смета дека што поголем дизајн, тоа поубаво. Оние на коишто не им се допадна моделот X7 треба да знаат дека наскоро ќе биде најавен планот за BMW X8.

BMW сè уште не ги потврди ниту плановите за моделот X8, но изворите велат дека X8 може да биде претставен кон крајот на 2020 година или на почетокот на 2021 година. Тие потврдија дека е дадено зелено светло за производство на моделот X8, но 2020 година е резервирана за концептот.

Германската компанија сака да ги држи љубителите на автомобили во неизвесност, исто како што неодамна направи со концептот 4. Актуелната Серија 3 дебитираше пред повеќе од година дена, а сè уште не е готов моделот M3.

Интерната ознака за X8 е GO9, а тоа треба да биде fastback coupe верзија со четири врати исто како и моделот X7. Не мора да значи дека X8 ќе биде поголем, но ќе ја дели платформата и ќе биде поскап.

Кога станува збор за перформансите, се шпекулира дека ќе видиме X8 верзија со 4,4 литарски бит-турбо V8 мотор ист како моделот X6 со 600 коњски сили. Во понудата може да се најде и V12 мотор.

Коментирај