Кошарка

Новата НБА сезона ќе почне на 22-ри октомври

13. август 2019 - 13:12 | МИА

Раководството на најсилната светска кошаркарска лига – НБА го претстави календарот за претстојната сезона.

Новото првенство ќе стартува на 22-ри октомври со два натпревари, е објавено на официјалниот Твитер профил на лигата.

Актуелниот шампион Торонто во премиерниот дуел ќе игра со Њу Орлеанс.

Во вториот меч ќе се сретнат двете екипи од Лос Анџелес, ЛА Лејкерс и ЛА Клиперс.

Коментирај