Во текот на антитерористичката акција во бриселската населба Шаербек одекнаа две експлозии и се слушнале истрели, јавуваат белгиските медиуми, според кои еден маж е „неутрализиран“.
Патниците од трамвајот кој се движел во близина се евакуирани.
Не се познати повеќе детали, а населбата е блокирана од вооружени припадници на специјалните полициски сили и војската.
Претходно, во текот на ноќта, во Белгија беа приведени шест лица осомничени за нападите во аеродромот и метрото во Брисел, како и уште четири други лица кои се приведени во Франција и во Германија.